Објавено на:

Дали некогаш сте сонувале да играте на Камп Ноу?

t

Барселона се наоѓа во доста комплицирана финансиска состојба, а иако истата значително се подобрува откако на чело на клубот е Жоан Лапорта, последната иницијатива од страна на раководството е уште една јасна порака дека парите се добредојдени од сите страни.

Барса смисли одличен начин да ги задоволи своите најверни симпатизери и истовремено да заработи пари од тоа, бидејќи излезе со идеја која „Камп Ноу“ ќе го направи домашен терен и за навивачите на клубот.

Каталонскиот великан излезе со интересно соопштение за она што ќе се случува на 6-ти и 11-ти јуни, односно организираше случувње кое ќе направи сонот да стане реалност за најупорните навивачи на Барселона.

Имено, сите навивачи кои сакаат, ќе имаат можност да заиграат фудбалски натпревар на „Камп Ноу“, а тоа искуство ќе ги чини 300 евра поединечно. Секој што сака да заигра на „Камп Ноу“ треба да се пријави на официјалната веб страна на клубот, а тоа може да го направи самостојно, или со група на пријатели или познаници.

Фудбалскиот билет за играње натпревар на „Камп Ноу“ ќе чини 300 евра, а Барселона со лотарија ќе ги извлече најсреќните фанови кои ќе аплицираат во наредните неколку дена.

Во официјалното соопштение се наведува дека ќе бидат одиграни четири натпревари, во секој тим ќе има по 18 играчи, а средбите ќе траат 60 минути и ќе се играат на целиот терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фудбалерките на Барселона ја освоија Лигата на…

Барселона го победи Олимпик Лион со 2:0…

(Видео) Шокантно: Маж тепа жени во метро…

Надзорните камери во Барселона снимија шокантен напад…

Во Барселона разбиена албанско-шпанска криминална група, запленети…

Граѓанската гарда уапси 15 лица во Барселона,…

Циципас и Алкараз ќе играат во финалето…

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, се пласираше во…

Шпански весник: Меси се враќа во Барселона?!

Шпанскиот спортски дневен весник „Diario sport“ пишува…