Дали Петков ќе ја посети или не Македонија, не менува ништо: Борисов открива дека Радев му ги врзал рацете, ветото останува
По вчерашната средба на бугарскиот политички врв јасно е дека Бугарија нема да остапи од резолуцијата во бугарското Собрание со која се негира постоење на македонски јазик и нација пред 1944 година.
Се чини дека по се изгледа историјата и јазикот ќе останата клучната пречка за натамошна интеграција на Македонија во Европската Унија, се е јасно после Консултативниот совет за национална безбедност во Бугарија.
И покрај најавената средба на Димитар Ковачевски и Кирил Петков дали бугарскиот премиер ќе ја посети или не Македонија не ни менува многу. Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов открива дека Радев му ги врзал рацете на неговиот наследник и решение нема да има.
„Вчера претседателот му ја одзеде секоја можност за маневар. Затоа што кога сите политички партии застанат зад еден став, тие дури и во Парламентот, нема како во моментот да бараат некаква реакција. Рамката каква е? Северна Македонија и Албанија треба да влезат во ЕУ. Како ќе се случи тоа? Еве го Договорот за добрососедство, веќе е напишан“, вели Бојко Борисов – поранешен премиер на Бугарија.
Во меѓувреме, денеска беше објавено дека Кирил Петков нема да го посети Скопје во вторник, како што се планираше бидејќи тој бил во контакт со заразен од коронавирус. Нов датум за средба не е закажан, а Петков е во изолација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…