Дали универзитетските клиники ќе останат без професори и доктори?
Стотина професори и доктори од медицината ќе немаат можност да продолжат со работа по 64 годишна старост доколку Министерството не даде амин за продолжување на работата до 67 години…
Ќе останат ли универизитетските клиники – универзитетски доколку се намали бројот на професори кои ќе заминат во пензија? И кој наставен кадар ќе ги образува новите специјализанти? Професорката од Клиниката за кардиологија Љубица Георгиевска Исмаил обаснува дека се уште не знае дали по 15 јуни ќе прегледува пациенти и дали ќе биде професор на студентите или не? Таа вели дека се уште нема одговор од матичната клиника дали ќе и биде признаено од клиниката да продолжи да работи до 67 години според законот и за работни односи и Законот за високо образовние каде се дозволува да го продолжи работниот век. Таа регира дека на едни факултети е дозволено да продолжат со работа, а во медицинската фела не. Ако на една клиника дозволил директорот да продолжи професорот со работа до 67 години, тогаш тоа барање се уште не е одобрено од министерстовто.
Околу 50-тина професори од клиниките реагирале до деканот на медицинскиот факултет со цел да се продолжи со образовниот процес кон младите специјализанти, но и пациентите да не останат без искусните доктори.
Од министерството за здравство велат дека ја разгледуваат целата ситуација. За тоа колку професори треба да останат и колку кандидати чекаат да бидат професори и зошто досега не биле.
„Во согласност за потребите од број на кандидати за специјализации се разгледува и можноста да се задржат одреден број професори неопходни за понатамошно планирање на кадар. Во исто време овие професори треба да планираат да создаваат научен кадар кој ќе ги заменува“, велат од министерство.
Текстот е преземен од Канал5
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…