Дали ќе се случи трагедија? Руската подморница “Белгород” може да уништи цели градови во Британија
Руската нуклеарна подморница К-329 „Белгород“ е способна да предизвика „неверојатен хаос“ и уништување во Велика Британија, изјави експертот за одбрана Роб Кларк од британското здружение „Хенри Кларк Сосајети“, пренесува „Дејли Стар“.
Според експертите, подморницата е наменета за транспорт на смртоносните торпеда „Посејдон“, а благодарение на нејзината големина внатре може да се смести уште една помала подморница и напредни дронови за тајни мисии.
„Тоа е вистински убиец на градовите“, рече Кларк.
Тој потсети дека подморницата ќе биде првиот носач на стратешките уреди „Посејдон“. Според британските експерти, џиновските торпеда со нуклеарен реактор и термонуклеарна боева глава би можеле да предизвикаат цунами што би ги уништило крајбрежните области.
Нуклеарната подморница за специјална намена „Белгород“ од проектот 098250 е направена како носач на нуклеарни подводни беспилотни летала од типот „Посејдон“. Подморницата беше лансирана во април 2019 година. Како што беше претходно најавено, подморницата се планира да и биде предадена на руската морнарица во летото 2022 година.
Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат зборуваше за развојот на „Посејдон“ за време на неговото обраќање пред Федералното собрание во 2018 година.
Според него, беспилотните подводни возила можат да бидат опремени и со конвенционално и со нуклеарно оружје, што им овозможува да погодат широк опсег на цели, вклучително и групи носачи на авиони, крајбрежни утврдувања и инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…