Данела Арсовска: Јулијана Спировска по наредба на ВМРО континуирано прави опструкции додека градот не се удави во смет
„Ова е Јулијана Спировска, претседател на Управен одбор на КХС Комунална хигиена Скопје. Јулијана е осуден криминалец со казна затвор за убиство. Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и ВЛЕН, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и ВЛЕН“ напиша на Фејбук скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Според неа „Јулијана 3 години не гласа за нови камиони, за инвестициска програма, за вработените кои 5 години ги чистат улиците да можат да земат решение. Јулијана по наредба на ВМРО континуирано прави опструкции додека градот не се удави во смет“.
„Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана! Вработените од Комунална хигиена, се меѓу највредните луѓе во градот кои вредно и со многу труд, не застануваат со работа во интерес на сите. КХС трпат 3 години навреди и изживување ни криви ни должни за одржувањето јавна чистота, го даваат својот максимум, да ја сработат својата работа иако се саботирани од Јулијана од ВМРО“ стои во објавата на Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…