Данела сама вие сите: Арсовска го повика обвинителстото на мегдан, немојте да бидете ПР алатка на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН – итно да се постапи по случајот со дивоградбите во Чаир
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи испрати остар апел до Јавното обвинителство, обвинувајќи го за пасивност и политичка инструментализација во врска со проблемот со дивоградбите, особено во општина Чаир.
„Јавното обвинителство и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по допрен глас или кривична пријава. До сега, пријави за дивоградби се поднесувани писмено, по допрен глас, а редовно се пријавува и во полиција“, наведува Арсовска.
Таа остро критикува дека досегашното непостапување на институциите создава перцепција дека обвинителството служи како „ПР алатка“ на одредени политички структури.
„Апелирам Јавното обвинителство да се одважи за да не биде ставено во функција на политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН“, пишува таа.
Арсовска предупредува дека во Чаир има над 150 документирани и утврдени дивоградби изградени неодамна, не во 2011 година, како што се тврди од одредени страни. Притоа истакнува дека дел од објектите се изградени со фалсификувана документација и претставуваат директна опасност за животите на илјадници граѓани.
„Тие објекти немаат соодветна документација, немаат надзор, нема пресметана статика, нема хидрантска мрежа, итни излези, план за евакуација, паркинг ниту пристапни патеки. Сето ова е сериозна закана за јавната безбедност“, нагласува Арсовска.
Градоначалничката завршува со итен повик до надлежните:
„Апелирам ИТНО да се обезбедат доказите од Општина Чаир, бидејќи имаме информација дека таму активно се уништуваат документи поврзани со фалсификати и дивоградби.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…