Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив од 65 илјади евра

t

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, велат од МФ

Околу 4 милиони денари месечно (65 илјади евра), колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство со укинувањето на ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра, посочуваат од Министерството за финансии. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.

Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените. Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија. Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стока ослободена од данок што понатаму се продава на домашниот пазар. Со оваа измена, државата праќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании што создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата – посочуваат од МФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив…

Законските измени веќе се во собраниска процедура,…

СДСМ: До евтините пратки и дојде на…

Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните…

Од 1 ноември граѓаните ќе плаќаат ДДВ…

Владата до Собранието достави Предлог-закон за изменување…

Мицкоски: Кој има проблем со поврат на…

Премиерот Христијан Мицкоски нема информации дека и…

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…