Данска во тревога: Најголемиот воен брод испратен по мистериозни дронови над базите
Под силен јавен притисок и растечка загриженост за безбедноста, данската морнарица ја испрати својата најголема фрегата „Есберн Снер“ во патрола поради неидентификуваните дронови што со денови кружат над воени бази и аеродроми.
Фрегатата, долга 136 метри и опремена со најсовремени радарски системи, исплови од базата во Фредериксхавн и веќе патролира околу Копенхаген и аеродромот Каструп, кој е само на неколку километри од брегот. Според податоците од веб-страницата Vesselfinder, бродот интензивно го надгледува регионот и може да детектира летала дури и во целосен мрак.
Појавата на дронови во последните денови предизвика вистински хаос меѓу граѓаните – само во последните 24 часа биле поднесени повеќе од 500 пријави. Голем дел од нив биле поврзани со безопасни активности, па полицијата беше приморана да апелира: „Не ни се јавувајте секој пат кога ќе видите светлина на небото“.
Ситуацијата доби и меѓународна димензија – шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека ѝ понудил на Данска воена поддршка за уништување на дроновите. Помошта е предложена токму во пресрет на средбата на лидерите на Европската Унија што ќе се одржи следната недела во Копенхаген.
Неидентификуваните дронови остануваат мистерија, но нивната појава токму над бази и аеродроми отвора сериозни прашања за националната безбедност и потенцијални шпионски активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска во тревога: Најголемиот воен брод испратен…
Под силен јавен притисок и растечка загриженост…
(Видео) Пресврт кај Покровск: Русите влегле во…
Сирски нагласи дека првичните пролетни и летни…
ЦУК: Исчезнатите лица на Водно се пронајдени…
Благодарение на брзата интервенција и координација на…
Непознати дронови се забележани над Германија: Властите…
Министерството за внатрешни работи на германската покраина…
(Видео) Нетанјаху зборуваше на хебрејски во ОН,…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска остро ги…