Објавено на:

Данскиот МНР: Украина може да користи дански борбени авиони за напад на Русија

t

Украина би можела да користи дански борбени авиони Ф-16 за напади врз воени цели во Русија, изјави во Брисел министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен, цитиран од весникот European Justice.


„Ова не е нов став, тоа беше во планот за предавање (ловци Ф-16). Кога разговаравме за ова со комисијата за надворешна политика на данскиот парламент, јасно разбравме дека тоа е дел од самоодбрана и дека треба да постои можност за напад на воени објекти на територијата на агресорот“, истакна Расмусен.
Данска во август 2023 година објави дека ќе испорача 19 американски борбени авиони Ф-16 на Киев. Тоа е втора земја, по Холандија, која донела ваква одлука. Данската премиерка Мете Фредериксен ги вети првите осум авиони „поблиску до Нова година“ и уште пет во 2025 година.
Во мај 2024 година, Wall Street Journal и Politico објавија дека Киев се обидува да ги укине ограничувањата за употреба на западно оружје и техники за напад на воени цели во Русија. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека за тоа било разговарано, но истакна дека се уште не добил зелено светло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…