Данските борбени авиони пресретнале руски авиони кои тргнале кон територија на НАТО
Данското Министерство за одбрана соопшти дека нивните авиони утринава пресретнале руски бомбардери, кои наводно се упатиле кон територијата на НАТО.
Официјални лица рекоа дека данските ловци Ф-16 полетале за да идентификуваат и пресретнат два руски авиони, за кои се верува дека се бомбардери, кои утринава прелетале над Северното Море.
„Руските авиони биле во меѓународниот воздушен простор и во ниту еден момент не влегле во воздушниот простор на Данска“, изјави портпаролот на Министерството.
Наводно, бомбардерите направиле пресврт пред да го нарушат воздушниот простор.
Сепак, останува нејасно зошто руските бомбардери биле толку блиску до Данска, односно на дофат на воздушниот простор на Алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…