Дарко Костовски го штити Лирим Дулови кој на државно земјиште изградил хациенда со базен

t

Дарко Костовски во улога на градоначалник на Општина Бутел штити група граѓани кои противправно узурпирале државно земјиште.

Меѓу тие граѓани е и Лирим Дулови, новинар и сопственик на медиумот КОХА кој според нашите информации, кои се потврдуваат од фактичката ситуација на терен, изградил хацианда и базен на земјиште во државна сопственост.

Согласно членот 225 од Кривичниот законик на Република Македонија, Лирим Дулови може да одговара за противправните дејствија.

Членот 225 определува дека “Тој што со намера за владение ќе заземе туѓа недвижност што со пропис е прогласена за имот во општа употреба, добро под привремена заштита или културно наследство, природна реткост или друго природно богатство или земјоделско земјиште во туѓа сопственост, ќе се казни со парична казна или казна затвор до три години”.

Ако делото е сторено со намера земјиштето да се злоупотреби за градба или користење со кое неповратно се уништуваат природните својства на недвижноста, ќе се казни со затвор од една до пет години.

На самата прес-конференција го прашавме градоначалникот Костовски зошто штити лица кои сториле кривично дело и дали ќе продолжи да ги штити истите за да добие глас повеќе на избори. Нормално, на ова прашање наместо да добиеме одговор, Костовски избега.

Се поставува прашањето каков интерес има Костовски за толку жестоко и посветено да штити лице кое противправно градело на државно земјиште.

Во продолжение сателитска снимка од градбата на Дулови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…

Жител на Волково вчера пријавил дека од…

Болест: Украдена биста на почината жена од…

Скопјанец пријавил дека била одземена биста со…

БОЛНА РАБОТА! Нови кражби на гробиштата во…

Вчера во СВР Скопје, шеесет и седумгодишниот…

Тешка кражба од казино во Бутел, едно…

Во предистражна постапка, по наредби на Основното…

(Видео) Санкциониран е возачот кој со возило…

Санкциониран е возачот кој со возило се…