Објавено на:

Дарманин: Искрено жалам за несразмерната употреба на солзавец во Лигата на шампиони

t

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин денеска изрази жалење поради „несразмерната“ употреба на солзавец против навивачите пред стадионот во финалето на Лигата на шампионите во фудбал, меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

„Искрено ми е жал за таа непропорционална употреба и ќе бидат преземени санкции против вклучените полицајци“ изјави Дарманин пред комисијата на Сенатот. Тој нагласи дека употребата на солзавец спречила судири на толпата, но призна дека биле повредени луѓе, вклучително и деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ