Датумот останува ист, се менува локацијата на концертот: Еве каде ќе пеат Цеца и Анастасија овој викенд

t

Поради огромен интерес за концертот закажан за на 11.06 (сабота) на најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ истиот ќе биде преместен на градскиот стадион во Пробиштип, наместо „Аква паркот“.

Организаторите велат дека морале да се одлучат на овој чекор, бидејќи аква паркот би бил претесен да ги собере сите обожаватели на Цеца и Анастасија.

„Моравме да го преместиме концертот, бидејќи интересот е преголем. Секој ден добиваме повици и резервации и од Србија и Бугарија. Она што е најважно тоа што во сабота не очекува топло и убаво време“ – велат тие.

Инаку ова е прв заеднички настап на Цеца и нејзината ќерка Анастасија и којзнае дали повторно некогаш ќе ги видиме двете на иста бина. Она што беше интересно пред неколку дена е нивната листа на желби кои ја открија организаторите.

Двете пејачки всушност не бараат „од пиле млеко“ како некои други ѕвезди, напротив, тие се скромни во своите побарувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…