Датум “мало сутра”: Нема причина за кревање на ветото, вели заменик претседателот на бугарскиот парламент
Немаме причина да го укинеме ветото за Македонија, изјави заменик-претседателот на Бугарскиот парламент Кристијан Вигенин од редовите на Бугарската социјалистичка партија (БСП) во интервју за БНТ.
Според него, темата за С. Македонија станала предмет на политички злоупотреби од секаков вид.
“За Бугарија има стратешко решение, мора да бараме можни решенија, а не да трупаме политички дивиденди. Наша задача како држава не е да го задржиме ветото, и да ја сопреме С. Македонија, туку да ги реализираме нашите цели – правата на Бугарите во С. Македонја, заедничката историја и говорот на омразата.“ порача тој.
Вигенин ја поддржа идејата на премиерот Кирил Петков да се свика нов Советодавен совет за национална безбедност во однос на Република Северна Македонија, додавајќи дека земјата не треба да ја интересира што очекуваат Брисел и Скопје.
Според законот, Советодавниот совет за национална безбедност на претседателот мора да се состанува најмалку еднаш на секои три месеци, така што сега има законска основа тој повторно да се состане, порача бугарската вицепремиерка и министерка за економија и индустрија Корнелија Нинова, пренесуваат бугарските медиуми.
„Се додека С. Македонија не ги исполни условите од договорот со Бугарија, не треба да се укине ветото и да се започнат преговори“, децидна беше Нинова.
Таа додаде дека е добра пракса Советот да се свикува почесто, во поглед на темата за ветото за С. Македонија.
„И бидејќи не гледам сериозна промена, можеби Советот ќе ја потврди одлуката“, нагласи Нинова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…