Објавено на:

Дачиќ: Ако меѓународната заедница не го запре Курти тој сигурно ќе почне војна

t

Албин Курти е главниот генератор на кризата и најголемиот проблем на Западен Балкан и доколку меѓународната заедница не му застане на патот, тој сигурно ќе започне војна, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.


-„Курти го интересира само тоа. Не го интересира мирен живот, помирување, економска соработка, патишта, трговија или развој на инфраструктурата. Го интересира само како ќе ја спроведе својата екстремистичка политика“, рече Дачиќ.


Наведувајќи дека целта на Приштина е Србија да се согласи и да ја признае еднострано прогласената независност на Косово, Дачиќ посочи дека Србија јасно кажала дека тоа никогаш нема да се случи.
Затоа, рече Дачиќ, од Приштина се напаѓаат и меѓународните посредници дека не си ја вршат добро работата, бидејќи не успеваат да ја натераат Србија да го признае Косово.


-„Го слушнавте Мирослав Лајчак кој рече дека изборите во четири општини биле мина. И што зборувавме цело време? Сега се сетивте дека е нагазна мина?“, рече Дачиќ.
Дачиќ тогаш изјави дека секој потег на Курти е нагазна мина – формирање на војска на Косово и забрана за продажба на српска стока.
Забележа и дека никој не реагира на тоа што српската стока не може да влезе во Косово.
„А кога Србите протестираат поради тоа, тогаш се поставува прашањето зошто Србите протестираат. Кога ги бојкотираат изборите – зошто Србите бојкотираат… И кога Курти ги бојкотираше институциите на Југославија и кога Албанците на Косово се бореа за отцепување од Југославија, тоа беше одраз на демократијата и борбата за слобода“, рече Дачиќ. и потсети дека ОВК била и на листата на терористички организации во САД, но подоцна била „преименувана во борец за слобода“.


Дачиќ изјави дека Курти не е само проблем на Приштина и Белград, туку и на целата меѓународна заедница.
„Ако некој сака да ги зачува мирот и стабилноста во оваа област, мора да му застане на патот. Не може да се дозволи погром и терор врз Србите на Косово. Србија тоа не може да го толерира, ниту ќе го дозволи“, изјави Дачиќ.
Коментирајќи ја испораката на турски беспилотни летала во Приштина, Дачиќ, гостин на ТВ Пинк, рече дека тоа не е никаква тајна информација и оти е свесен дека Турција овој дел од регионот го смета за регион за кој историски се заинтересирани.
„Тие рекоа дека ако нешто се случи во Сараево, тоа мора да наиде на реакција во Истанбул. Но, тогаш не можам да разберам како, ако нешто се случи во Бања Лука, не можете да добиете реакција од Белград“, истакна шефот на српската дипломатија.
Тој изјави дека мора да се разбере улогата на Србија во регионот, без разлика што турските симпатии се секогаш на страната на Косово, но и на Бошњаците.


„Но, едно прашање е симпатијата. „Ова (испорака на беспилотни летала) е прашање на директно помагање на оние кои вршат терор врз Србите“, рече Дачиќ.
Како што наведе, Белград тоа секако не го толкува во позитивна смисла и ќе бидат потребни низа разговори на таа тема, бидејќи Србија направила многу за нормализирање на односите со Турција.
По повод денешната посета на претседателот на Уганда Јовери Кагуту Мусевени на Србија, Дачиќ посочи дека таа земја не го признава Косово.
„Мусевини рече дека Уганда ќе го признае Косово кога Владимир Путин ќе го признае“, рече Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…