Објавено на:

Дачиќ: Вучиќ е во голема опасност!

t

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека тоа што лидерот на „кавачкиот клан“ Радоје Звицер е на слобода е голем проблем и безбедносна закана, особено за претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека со тоа прашање интензивно треба да се занимаваат и полициите на двете земји, особено Црна Гора.

„Ако сакате да водите сериозна борба против криминалците, тоа не можете да го направите без посветеноста на сите власти кои се борат и работат на спроведување на законот, а претседателот Вучиќ го даде првичниот поттик на чело на тимот што ја спроведе таа акција и е извесно дека откако дозна дека претседателот Вучиќ е тој што ја турка борбата против криминалците, тој стана цел број еден, односно главна пречка и закана за организираниот криминал во овие земји“, рече Дачиќ на ТВ Пинк.

Министерот додаде дека кај нас секогаш има приказна дека на белградскиот асфалт нема да се решат проблемите на криминалните кругови од разни други делови на Југославија, но додава дека тоа никогаш не можете целосно да го исклучите, бидејќи криминалот е мултинационален и не познава граници.

„И не само што не познава граници, туку има свои криминални групи составени од различни националности“, изјави Дачиќ.

Министерот вели дека Европол објавил дека се постигнати вонредни резултати во заедничката акција координирана од Европол против нарко картелите, во која учествувала и полицијата од Србија.

„Таму пишува дека во тие заеднички акции кога е Србија во прашање се уапсени десетици луѓе, не само во земјата туку и надвор од неа и дека врз основа на тоа што е конфискуван имот во Србија, тој е вреден над 50 милиони евра. Се работи за огромни суми на пари што ги користат криминалците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во…

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…

(Видео) СНС на Вучиќ прогласи победа на…

Српската народна странка пргласи пробеда на парламентарните…

Вучиќ по затворање на гласачките места: Резултатите…

Претседателот Александар Вучиќ вечерва кратко зборуваше пред…

Вучиќ на завршниот предизборен собир на СНС…

Во Србија на полноќ започнува предизборен молк,…