Дачиќ: Доста гинeвме за други, Србија не смее да се придружи на сaнкциите кон Русија

t

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и претседател на Народното собрание, Ивица Дачиќ, оцени денеска дека Србија не смее да се приклучува кон разни осуди и санкции против Русија, бидејќи земјите што го бараат тоа од Србија не помогнале во 1999 година, кога Србија беше бомбардирана, јави допсиникот на МИА од Белград.

Говорејќи за РТС, Дачиќ кажа дека официјален Белград треба да ги зачува односите со Европската унија, но и со Русија и Кина, „бидејќи никој нема да не брани ако тие (Русија и Кина) престанат да не бранат“.

-Дали ние (Србија) сме енергетска сила, па сè да зависи од тоа како ќе се изјасниме, мора да си ги гледаме нашите интереси. Доста гиневме за други, изјави Дачиќ.

Дачиќ кажа дека кризата во Украина се случила затоа што Западот не го почитувал договорот НАТО да не се шири во Источна Европа.

-Мораме да балансираме, и украинскиот и рускиот народ ќе платат висока цена. Апелираме за мир, изјави Дачиќ, чија партија е дел од актуелната влада во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…