Дачиќ: Работиме на повлекување на признавањата на Косово за независна држава
Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека нема да има признавање на независноста на Косово, ниту членство во Обединетите нации.
„Нема признавање на независноста на Косово и Метохија, нема влез во Обединетите нации и другите меѓународни организации. Ќе продолжиме со политиката на повлекување на признавањето од многу земји во светот“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека оваа партија е против влезот на Србија во НАТО, а од друга страна го поддржува членството во ЕУ, но без да ги наруши односите со долгогодишните пријатели на Србија.
„Ние сме против влезот во НАТО пактот. Затоа што таа е организацијата која не бомбардираше и изврши агресија врз нашата земја. Што се однесува до меѓународните односи, ние сакаме да бидеме членки на ЕУ, но нема да ги нарушиме нашите односи со Русија, Кина, Индија и другите наши вековни пријатели“, рече Дачиќ на предизборната средба во Нови Сад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…