Дачиќ: Србија има во фиока девет ноти за повлекување на признавањето на Косово

t

Србија во својата фиока ги има нотите на девет земји кои ја промениле својата одлука за признавање на Косово и е подготвена да ги открие веднаш штом другата страна ги прекрши обврските од Вашингтонскиот договор, изјави шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ.

„Ние се придржувавме до Договорот од Вашингтон и мораториумот, но Приштина го прекрши. „Од 193-те членки на ОН, Приштина може да смета на најмногу 83 гласа, што значи дека имаме мнозинство во Генералното собрание“, рече Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија порача дека Србија ќе продолжи со таквата политика.

„Доколку барањето за членство на Косово во Советот на Европа се влезе во процедура, слушнавте дека и претседателот Вучиќ најави дека ќе објавиме ноти за повлекување на признавањето“, рече Дачиќ.

Дачиќ додаде дека американската политика кон Косово во последните месеци е поурамнотежена од порано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…