Дачиќ: Српскиот народ никогаш нема да застане на страната на непријателот на рускиот народ

t

Претседателот на Собранието на Србија во техничкиот мандат Ивица Дачиќ оцени дека во однос на украинската криза „има доволно простор за дипломатија, но таа дипломатија е се помалку“, особено ако следи офанзивата на украинските сили.

– Набљудувајќи од позиција на државникот на Србија, морам да кажам дека сите сме многу загрижени за оваа ситуација. Свесни сме дека имаме проблеми со територијалниот интегритет и дека ќе бидеме притиснати да одлучиме за некои мерки што треба да се преземат“, изјави Дачиќ за провладината ТВ Хепи.

Тој оцени дека за Србија е важно „да се грижи за сопствените интереси“, како и „да не ги нарушува пријателските односи со Русија“.

Без разлика на притисоците, српскиот народ никогаш нема да застане на страната на оној кој е непријател на рускиот народ, оцени Дачиќ, наведувајќи дека „лесно е да се започнат војни на туѓи територии“. Тој рече дека Србија „сигурно нема да ги раскрвави рацете во братоубиствената војна“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…