Дачиќ: Ќе биде тежок состанокот на ОБСЕ во Скопје
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ кој на Самитот на ОБСЕ во Скопје ќе дојде заедно со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртле, кој е во посета на Белград, изјави дека „овој состанок во Скопје ќе биде тежок“, јави дописникот на МИА од Белград.
Утре со министерот на Казахстан одам во Скопје. Имајќи ја предвид тежината на ситуацијата со која се соочува меѓународната заедница, не е лесно функционирањето на оваа организација, и имајќи предвид дека консензусот е начин на одлучување и дека не беше можно да се постигне договор за заедничките ставови и за најважните актуелни прашања, затоа овој состанок е важен. Да се обидеме да постигнеме компромис за буџетот и функционирањето на целата организација, без да зборуваме за тоа колку е загрозена таа организација што е создадена за време на Студената војна и постоењето на два блока за спречување конфликти. Ќе биде тежок тој состанок во Скопје – изјави денеска Ивица Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…