„ДАЈТЕ ЧЛЕН И ЗАКОН“: професорката Најчевска бара објаснување согласно кои закони спикерот Гаши замина со службен автомобил во Косово

Не стивнуваат реакциите во јавноста за патувањето на спикерот на Собранието на Македонија во соседно Косово со службен автомобил на приватен настан.
Последна во низата се јави и професорката Мирјана Најчевска, која пренесува закон согласно кој ваквото однесување не е легално.
– Според кој закон Спикерот на Собранието има 24/7 заштита и според кој закон службените возила се користат за приватни цели?
Дајте закон и член. – напиша Најчевска на Фејсбук.
