Да видат како е: Бугарија “ќе јаде” уште едно вето, овојпат од Австрија?!

t

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер денеска најави дека ќе гласа против пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната на состанокот на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел.

Европските министри мора да одлучат и за приемот на Хрватска во Шенген, кој, доколку не дојде до изненадувања, би требало да се одобри, пренесе Бета.

Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи денеска во Брисел треба да гласа за две одлуки за влез во Шенген, при што првата одлука се однесува на Бугарија и Романија, а втората на Хрватска. Одлуките треба да се носат едногласно. 

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…