Објавено на:

Да е во Македонија сите ќе завршиме во затвор: И навредата ќе биде кривично дело во Република Српска

t

Народното собрание на Република Српска денеска го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска, со кој, меѓу другото, клеветата и навредата се квалификуваат како кривични дела.

Со измените на законот се воведе и ново кривично дело – неовластено објавување и прикажување на туѓи документи, портрети и снимки.

Предлог-законот го поддржаа 49 пратеници, а против беа 21. Никој не беше воздржан, пренесува агенцијата Срна.

За време на собраниската расправа, пратениците од опозицијата тврдеа дека криминализацијата на клеветата и навредата ќе ги загрози демократскиот амбиент и слободата на говорот во Република Српска.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдеа дека целта на законот е сузбивање на лагите во јавниот простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Заканите на Додик за отцепување на…

Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска…

Дојави за бомби во училишта во Република…

Е-пошта за бомбашки напади се примени рано…

(Видео) Позната новинарка yaпсeна поради нaвреда на…

Познатата турска новинарка Седеф Кабас е протворена…

(Галерија) Што може „Лазар 3“: Српската пешадија…

Во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“…