Да имаме таква… Maкедонија ја затвора Агенцијата за нуклеарна технологија
Ако не сте знаеле, од 2010 година во Македонија постои Агенцијата за нуклеарна технологија. Но таа наскоро ќе се затвори. Две комисии во Собранието дадоа зелено светло за укинување на законот за формирање национална агенција за нуклеарна технологија. Овој закон беше одобрен во 2010 година на предлог на тогашното Министерство за образование, предводено од министерот Никола Тодоров. Но, оваа Агенција од своето формирање никогаш немала вработени.
Оваа Агенција е основана за развој на технологии и истражувања од областа на нуклеарната физика, физиката на елементарните честички и други истражувања од областа на нуклеарната наука. Целта беше преку Агенцијата да се учествува во научните програми на Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН, да развива апликации за индустријата, медицината, енергијата и нуклеарната технологија. Секоја година за оваа агенција се издвојуваат средства од државниот буџет, но последен пат оваа Агенција потрошила средства во 2014 година. Претходно на сметката на Агенцијата се уплаќале трошоци за патување во странство, но нема информации кој од таа сметка отпатувал во странство. Пари се одвојувале само за хонорарите на членовите на управниот одбор и за академик од МАНУ. Оваа агенција финансиски е активна само две години. Агенцијата се споменуваше и во „бомбите“ на опозицијата во 2015 година кога се слушна дека наместо научници-физичари се вработуваат партиски војници. Во првите пет години од формирањето на Агенцијата, според буџетските планови на располагање беа речиси 400 илјади евра. Канцелариите на Агенцијата до пред три месеци беа во зградата „Една точка за услуги“, до Уставниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да имаме таква… Maкедонија ја затвора Агенцијата…
Ако не сте знаеле, од 2010 година…
Рама по најавата дека кинеската компанија ќе…
По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс,…
(Видео) Инцидент за време на протестите пред…
Таксист удрил младич, додека се обидувал да…
Нетанјаху се заканува дека ќе дејствува насилно…
„На ист начин како што постапивме со…
САД може да ја напуштат СЗО на…
Членовите на тимот на новоизбраниот претседател наводно…