„Да има потреба од амбулантно возило не може да додје“ – Општетен мост кај селото Мренога, педесетина жители на селото се загрозени

t

Оштетениот мост на локалниот пат кај селото Мренога во Демир Хисар се уште не е саниран. Локалното население е загрижено и вели дека постои опасност за сите кои го поминуваат мостот.

„Да треба брза помош да дојде, нема да може“, вели населението во пораки испратени до редакцијата на Инфомакс.

Претходно за проблемот извести и Општина Демир Хисар:

Се известуваат граѓаните и корисниците на моторни возила дека на општинскиот локален пат за с.Мренога настанати се оштетувања на мостот на „Боишка река“. Оштетувањата се настанати како резултат на разорното дејство на зголеменото ниво на вода во реката и остатоци од дрвја пред мостот кои го попречуваат нормалното движење на водата под мостот.

Оштетувањата на мостот се сериозни (оштетување на лакот на едното поле како носив елемент на мостот што е резултат на поткопување/оштетување на темелот на крајниот столб).

До утврдување на фактичката состојба за степенот на општетување на целата конструкција на мостот, се забранува користење на истиот, особено од страна на корисници на моторни возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да има потреба од амбулантно возило не…

Оштетениот мост на локалниот пат кај селото…

Од вторник изменет сообраќаен режим на мостот…

Општина Карпош ја информира јавноста дека во…

Се бара нуркач за да ја провери…

Се бара нуркач за да ја провери…

Се санира оштетениот мост на магистралата А3…

Паралелно, во Делчево се работи и на…

(Видео) Полицијата спречила трагедија: Неколку минути пред…

Сообраќајната полиција кај Чачак спречи трагедија, запирајќи…