Да не се потпаѓа на шпекулации, секој одлучува за себе – велат од Министерството за транспорт за проблемот со камионџиите

t

Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, од Министерството за транспорт и врски информираат дека во координација со Европската Комисија се работи на трајно решение. Се додава дека ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде трајно решение.

-Министерството за транспорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи.

Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем.

Дијалогот со Европската Комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни.

Како Министерство апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот. Особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение, порачуваат од Министерството за транспорт и врски.

Европската комисија истакнала дека транспортерите мора да се прилагодат на правилата, без посебни исклучоци за професионални возачи. Против новите правила за 90 дена престој во шенген зоната, превозниците од регионов спроведоа координирани протести и блокади на товарните гранични премини. На протестите им се приклучија и македонските превозници со блокада на премините Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не се потпаѓа на шпекулации, секој…

Во врска со престојот на превозниците во…

ЕУ ги отфрли сите предлози на превозниците…

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози…

ЕК работи на решение за проблемите на…

Европската комисија е свесна за загриженоста што…

Превозниците од денешните блокади: Без нас продавниците…

Генералната секретарка на превозникот „Макам-Транс“, Билјана Муратовска…

Германија и Франција за модернизација на товарниот…

Две железнички компании во државна сопственост инвестираат…