Да се зголеми соработката меѓу Израел и Србија: Вучиќ разговараше со Херцог
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговараше со претседателот на Израел, Исак Херцог, посакувајќи им по тој повод жителите на Израел и еврејскиот народ ширум светот во Новата година да напредуваат во мир.
Вучиќ и Херцог констатирале дека односите на двете земји треба да ја одразуваат блискоста на двата народа, очекувајќи дека соработката ќе стане поразновидна и ќе се прошири на различни области, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
Двајцата државници изразија очекување Србија и Израел да воспостават почести контакти за да се разговара за теми од заеднички интерес. Во таа насока, претседателите Вучиќ и Херког изразија надеж дека наскоро би можеле да се сретнат.
Претседателот Херцог упати честитка до претседателот Вучиќ за победата на СНС на неодамнешните парламентарни избори, очекувајќи дека непроменетите политички околности ќе и овозможат на Србија стабилен развој, како и задржување на насоката на развој на соработката со Израел за заедничка корист, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…