Објавено на:

Двајца крадци на дрва приведени во Виничко

t

На 01.06.2022, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода А.А.(28) и 17-годишен малолетник, двајцата од с.Градец, виничко.

Во 19.30 часот на излезот од с.Градец, полициски службеници од ОВР Виница запреле патничко возило „опел фронтера“, без регистарски таблички, управувано од малолетникот, а сопатник бил А.А., кое било натоварено со огревно дрво без соодветна документација.

Полициски службеници го одзеле возилото со дрвната маса за понатамошна постапка. Запознаен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Виница и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професори се испотепале во средно училиште во…

Вчера во 14.10 часот во ОВР Виница,…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…

Претрес во Виница, одземени 3.000 пиротехнички средства

На 20.12.2023 во Виница, полициски службеници од…

Ужас: 26-годишен виничанец претепал, силувал и снимал…

Дваесет и шестгодишен жител на Виница ја…