Двајца млади пациенти ќе добијат бубрези од починати донори: Д-р Мијовска им се заблагодари на хуманите семејства на починатите
Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија, соопшти денеска министерство за здравство.
„Националниот координатор д-р. Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори заедно со екипите од Клиниката за Неврохирургија, КАРИЛ, Рентген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за Урологија и Ортопедија викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава.
Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти.
Уште еднаш големо сочуство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост“, стои во соопштението на министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец починал додека работел во куќарка за…
Денеска (01.05.2024) во 06.10 часот во СВР…
Маж почина по пад од мотокултиватор во…
Седумдесет и четиригодишен маж починал вчера откако…
Починат маж од Холандија пронајден во куќа…
Вчера во 05.50 часот во СВР Охрид…
(Фото) ПОЗИТИВА НА ДЕНОТ! Направена првата трансплантација…
Министерството за здравство информира дека денеска на…
Двајца млади пациенти ќе добијат бубрези од…
Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат…