Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија

t

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

По претходен договор и заедно, тие на 17 март во возило „Волксфаген голф“ со скопски регистарски ознаки од Скопје до Гевгелија превезувале психотропна супстанција амфетамин во вкупна количина од 1.491 грама.

Амфетаминот се нафатиле да го пренесат за трето лице по кое се трага, за сума од 300 евра. Пратката во три најлонски пакувања ја презеле од локација во Аеродром и ја сокриле под хаубата на автомобилот. Со себе ја зеле и девојката на второосомничениот за која е поведена постапка за – Непријавување кривично дело или сторител од член 364 став 2 од Кривичниот законик.

Возејќи кон Гевгелија и кон локацијата на која требало да го остават амфетаминот, биле запрени од полициски службеници пред наплатната станица во близина на селото Смоквица. Поради претходни оперативни сознанија, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и извршен претрес на возилото, при што била пронајдена психотропната супстанција.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возел со тројно поголема брзина во населено…

На 24.03.2025 во 11.30 часот, на регионален…

Култура ги прегази вработените во Филхармонија: Мустафа…

Тенорот Мустафа Имери ќе ја предводи една…

Притвор за лицата кои држеа мигранти во…

Вечерва судијата на претходна постапка при Основен…

Натпреварот Македонија – Велс почна со минута…

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ –…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…