Двајца повредени од трагедијата во Кочани сè уште се во тешка состојба

t

Петмина од повредените во пожарот во дискотеката ,,Пулс”, во Кочани, и по пет месеци од трагичниот настан се уште се наоѓаат на болничко лекување. Двајца се во здравствена установа во Турција, а тројца во земјава.

-Според последните информации со кои располага Фондот за здравствено осигурување, дел од лицата повредени во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште се на болничко лекување, како во земјата така и во странство. Во странство, односно во Истанбул, моментално се лекуваат двајца повредени пациенти, од кои едниот е во завршна фаза на третман и наскоро се очекува негово враќање во земјава. Во домашните здравствени установи, едно лице е згрижено на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека двајца пациенти се наоѓаат на болничко лекување во „Аџибадем Систина“, одговорија од Фондот за здравствено осигурување за ,,Фокус”.

Од овие пациенти, двајца се во тешка состојба.

-Од вкупниот број, двајца повредени се сè уште во тешка состојба, а нивниот општ здравствен статус внимателно се следи од медицинските тимови, додаваат од ФЗО.

Катастрофалниот пожар избувна два часа по полноќ на 16 март, за време на настапот на дуото ДНК во дискотеката „Пулс“. Во оваа трагедија, животот го загубија 62 лица, меѓу кои шест малолетници. Над 150 млади се здобија со тешки телесни повреди, додека 54 беа полесно повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца повредени од трагедијата во Кочани сè…

Петмина од повредените во пожарот во дискотеката…

Бегства имало и ќе има: Патник со…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Oбединетите нации бараат правда за израелските напади…

Обединетите нации побара истрагите на Израел за…

Кај штипјанец пронајдени три автоматски пушки „Калашников“…

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.Д.(35)…

Сијарто: Тешко е да се поверува дека…

Унгарскиот министер за надворешни работи и меѓународни…