Двајца потомци на жртви на холокаустот од Македонија добија австриско државјанство

t

Австриската амбасада во Скопје соопшти дека првпат од 2019 година Амандманот на Законот за австриско државјанство е применет и во Македонија за двајца потомци на жртви на нацистичките прогонства, кои добија австриско државјанство.

Во присуство на Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница, амбасадорот на Австрија во Македонија Георг Вуцас ги предаде соодветните декрети за државјанство. Срдечно им посакуваме добредојде на овие двајца нови австриски граѓани – се наведува во соопштението од Австриската амбасада.

Како признание за историската одговорност на Австрија кон жртвите на националсоцијализмот и нивните потомци, австрискиот Парламент едногласно донесе амандман на Законот за австриско државјанство во октомври 2019 година.

Според Амандманот на Законот, лицата кои претрпеле прогон, тие самите и нивните потомци имаат право да добијат австриско државјанство со т.н. известување без да мора да се откажат од нивното сегашно државјанство, наведуваат од Амбасадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…