Два авиони се судрија со крилата на пистата на аеродромот Хитроу во Лондон
На лондонскиот аеродром Хитроу се случи инцидент кога два авиони се судрија на пистата, објави денеска Мирор.
Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како авион на Вирџин Атлантик со крилото допира авион на Бритиш ервејс. Боингот 787-9 на Вирџин го завршил својот лет и се движел кон паркинг просторот на аеродромот, а во моментот на инцидентот немало патници.
„Вирџин“ започна истрага за причините за падот и авионот е изваден од употреба додека инженерските тимови работат на одржување на леталото. Авионот на „Бритиш ервејс“ бил во мирување во моментот на инцидентот и бил на преглед од инженерски тимови, соопшти авиокомпанијата.
„Свесни сме дека еден наш празен авион дојде во контакт со крилото на друг авион додека се влечеше на паркингот на терминалот 3 на Хитроу.
Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш приоритет“, изјави портпаролот на Вирџин Атлантик, пренесе Танјуг.
Сличен инцидент се случи во четвртокот во Сан Франциско, кога два авиони на Јунајтед ерлајнс се соборија, а нема повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот косовски претседател ја попари Османи: НЕ…
Не постои ниту еден тип на имунитет…
Пронајден починат маж во напуштена куќа во…
На 02.08.2024 во 10.51 часот во СВР…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Фото галерија) Општина Аеродром претворена во змијарник,…
Хаос во населба Мичурин, со месеци никој…
Маж пронајден мртов на клупа во Аеродром
– На 21.07.2024 во 13:34 часот во…