„Два града – иста болка“: Мирен собир во Кочани, сочувство за жртвите во Кран Монтана
Под мотото „Два града – иста болка, мирен собир во Кочани во знак на сочувство за жртвите во трагедијата во Кран Монтана. Родителите на децата кои загинаа во пожарот во Пулс со порака дека ја разбираат болката и празнината што останува по трагедијата.
Организаторите на собирот соопштија дека планираниот „Марш на ангелите“ нема да се одржи, а наместо тоа граѓаните се повикуваат на мирна и достоинствена средба, со која ќе се испрати порака на сочувство и солидарност.
Под мотото „Од Кочани до Кран-Монтана: Тивка почит за загинатите“, жителите на Кочани ќе се соберат за да запалат свеќи и да оддадат почит во тишина.
„Од град што ја носи болката во себе, до мајки и семејства што денес ја живеат истата тишина — да застанеме заедно, без зборови што се мали за ваква загуба.
Дојдете да запалите свеќа, со тишина да оддадеме почит, со срце што знае да сочувствува. Да ја споделиме тишината што ги поврзува оние што загубиле со оние што паметат. Кочани се сеќава. Кочани сочувствува. Кочани е со мајките и семејствата на Кран-Монтана“ напишаа тие на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Два града – иста болка“: Мирен собир…
Под мотото „Два града - иста болка,…
Трамп: Данците стигнале со брод на Гренланд…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја бранува…
Без возачка, преку спротивна лента со голема…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за…
СДСМ: Дали Стоилковиќ е офицер за врски…
„Вицепремиерот во Владата на Мицкоски, Иван Стоилковиќ…
Трамп не сака да го помилува Паф…
Шон „Диди“ Комбс (56) му напиша писмо…