Два конвои француски околопни возила се движат кон Романија!

t

Првите два конвои оклопни пешадиски борбени возила утрово тргнаа од воената база Мурмелон-ле-Гран на истокот на Франција во правец кон Романија во рамки на операцијата „Орел“, чија цел е зајакнување на одбраната на Источното крило на НАТО.

Тенковите Леклерк, исто така, треба да пристигнат во воената база Цинку во централна Романија во наредните денови, за да ја засилат мисијата предводена од Франција, започната на 28 февруари оваа година како одговор на руските напади во Украина, пренесува Бета.

„Франција ги почитува своите обврски кон НАТО и нејзините партнери“, рече генералот Франсоа Гугенхајм, шеф на Командата на европските копнени сили во Лил.

„Немало толку голема логистичка операција во Европа од операцијата Кама“, рече тој, мислејќи на името дадено на учеството на Франција во меѓународната коалиција формирана по ирачката инвазија на Кувајт во раните 1990-ти.

Десетина конвои треба постепено да го напуштат Мурмелон и повеќе од 2.000 километри низ Европа за да превезат десетина тенкови и дваесет оклопни возила.

Нивниот точен број и точната рута не се прецизирани.

На конвоите ќе им бидат потребни седум до осум дена да стигнат до Цинка, Романија.

Во исто време, специјални возови со муниција, храна и опрема за одржување ќе одат и во Романија.

Копнената армија на НАТО во Романија треба да има околу 1.000 војници до првиот квартал на 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова драма во Франција: Евакуирана железничка станица

Железничката станица Сен-Шарл во Марсеј беше евакуирана…

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

Левичарите во Франција го обвинија Макрон за…

Победниците на изборите од француската левичарска коалиција…

Пад на еврото по изборите во Франција

Еврото падна по вториот круг од парламентарните…