Два месеци германски воен брод ги штител бродовите од нападите на Хутите во Црвеното Морe
Германски воен брод рано утринава ја заврши својата мисија да ги заштити трговските бродови од милитантите Хути во Јемен и исплови од Црвеното Море.
Фрегатата беше дел од поморската одбранбена мисија EU Aspides, а беше распоредена во Црвеното Море на крајот на февруари за да ги заштити трговските бродови од нападите на милитантите во Јемен, кои протестираат против војната во Газа.
Црвеното Море е област на најважната поморска рута од Азија до Европа, која минува низ Суецкиот канал.
Милитантните Хути, кои се сојузници со Иран, сакаат да ги искористат своите напади за да принудат прекин на израелската воена операција во Појасот Газа.
Фрегатата, со екипаж од 240 лица, ја заврши својата мисија и ја напушти зоната на операции, соопшти Бундесверот.
Екипажот на Хесен постојано соборуваше беспилотни летала лансирани од милитанти во првата мисија од ваков вид лансирана од германската морнарица.
Бродот беше распореден на 23 февруари по серија напади врз трговски бродови. Големите бродски компании почнаа да го избегнуваат Црвеното Море, дел од најкратката поморска рута меѓу Азија и Европа, што влијае на глобалната економија.
Германското Министерство за одбрана соопшти дека бродот безбедно придружувал 27 трговски бродови низ зоната на операција.
Во четири случаи, беспилотни летала и проектили истрелани од Хутите биле успешно запрени, објави Министерството.
Севкупно, фрегата помина повеќе од 11.000 километри во областа на операција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два месеци германски воен брод ги штител…
Германски воен брод рано утринава ја заврши…
Во Арапското Море киднапиран уште еден товарен…
Инцидентот бил пријавен во четвртокот во близина…
Јеменските Хути запленија брод поврзан со Израел
Тел Авив тврди дека рацијата на товарниот…
Крстаречки брод со 206 патници заринка кај…
Крстаречки брод со 206 патници и членови…
Првиот брод исплови од Мариупол
Откако руските сили го окупираа Мариупол по…