Два неуспешни обиди за избор на претседател на Уставниот суд денеска
Ниту денеска, по два обиди уставните судии не успеаја да изберат нов претседател на Судот.
Во два наврати судиите гласале за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство од 6 гласа, па оттаму информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник, на 3-ти јуни.
Вчера ниту една од кандидатките не ги доби потребните гласови по трите гласања. Во трка беа судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.
Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.
На се уште актуелната претседателка на Уставниот суд – Добрила Кацарска, мандатот ѝ завршува на 2-ри јуни, во недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…