Два трактора се судриле кај Булачани, пет лица завршиле со повреди
Два трактора се судрија на локалниот пат меѓу селата Булачани и Црешево во неделата, при што со тешки повреди е хоспитализиран сопатник, а полесно се повредени двајцата возачи и уште двајца малолетници.
„На 31 август 2025 година, во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани – с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор ‘имт’, управуван од 35-годишниот В.Р. и трактор ‘имт’, управуван од 31-годишниот М.Р., двајцата од с.Љуботен, скопско“, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 46-годишниот сопатник Е.С. од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два трактора се судриле кај Булачани, пет…
Два трактора се судрија на локалниот пат…
Непозната супстанца ставена во резервоарите за вода…
– На 12.03.2025 во 21.30 часот во…
Блокади во Кочани: Цените растат, откупот непроменет
Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска…