Два тунели за бегство најдени во затворот „Идризово“

t

Два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници се откриени во најголемиот македонски затвор КПД „Идризово“, пренесе денеска „360 степени“.

Постоењето на тунелите било потврдено при денешниот претрес на полицијата, по наредба на Обвинителството. Засега, нема официјална потврда за пронаоѓањето на тунелите.

Во единственото официјално соопштение од Обвинителството не се откриваат причините за наредбата за претрес.

„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривичноправни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ ’Идризово’ – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“ – соопштија од Обвинителството.

Од МВР не споделија повеќе детали – зошто претресувале и што нашле во затворот.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (11.4.2024 г.) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ ’Идризово’, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривичноправни дејствија. Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми“ – соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово

Нема вода, а тоалетот кој го користат…

Кај осуденик во Идризово пронајдени дигитална вага,…

На 26.10.2024 од отворено одделение Велес при…

45-годишен затвореник починал во „Идризово“

Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје…

Осуденик нападнал полицаец при обид да избега…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против дваесет…

Во затворот Идризово пpетепан и силyван осуденик

Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје,…