Двегодишно дете починало од глад: Обвинение против родители од Србија

t

Основното државно обвинителство во Подгорица денеска поднесе обвинение против српските државјани Ј.Ј. и С.Р., двајцата од Панчево, Србија, за кривично дело прекршување на семејните обврски. Тие го оставиле своето дете, кое имало помалку од две години, во состојба на тешка неухранетост, кај сестрата на обвинетиот, а детето починало истата ноќ, пренесе Н1.рс.

„Обвинението ги товари обвинетите дека го оставиле своето малолетно дете А.Ј. (родено на 19 октомври 2022 година во Подгорица) во тешка здравствена состојба на 5 октомври 2024 година во Подгорица, кршејќи ги законски утврдените семејни обврски, без да обезбедат соодветна медицинска нега, што резултирало со смрт на детето“, соопшти Општинското државно обвинителство во Подгорица.

Според обвинението, детето тој ден, во состојба на тешка неухранетост и болест, било оставено со сестрата на обвинетиот, во нејзиниот семеен дом, каде што починала ноќта помеѓу 5 и 6 октомври 2024 година, во раните утрински часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете починало од глад: Обвинение против…

Основното државно обвинителство во Подгорица денеска поднесе…

ОЈО за Инфомакс: Нема да има потреба…

Нема да има никаква потреба од нова…

Наредба за истрага против поранешниот државен правобранител…

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за…

Поднесено обвинение за полов напад и уцена

По преземените дејствија и обезбедените докази, надлежен…