Две експлозии во близина на израелската амбасада во Данска, тројца приведени
Данската полиција соопшти дека две експлозии, најверојатно предизвикани од рачни бомби, се случиле утрово во близина на израелската амбасада во Копенхаген.
По експлозиите приведени се три лица.
„Нема повредени, нема ниту оштетувања на зградата“, соопштија од амбасадата.
Еврејското училиште, кое се наоѓа во близина, е затворено и денеска нема да има настава.
„Јасно е дека израелската амбасада е во непосредна близина и тоа е, се разбира, аголот од кој гледаме“, изјави за мотивите на нападот заменик-помошникот комесар Јакоб Хансен од полицијата во Копенхаген.
Истрели се испукани и во израелската амбасада во Стокхолм, потврдија полициските сили во шведскиот главен град за новинската агенција ТТ.
Шведската полиција соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки околу еврејските и израелските локации во земјата по претходните инциденти во амбасадата.
Во мај беше пукано во близина на амбасадата, а во јануари беше фрлена рачна бомба кон зградата, но не се активираше.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две експлозии во близина на израелската амбасада…
Данската полиција соопшти дека две експлозии, најверојатно…
ФОТО: 14 часа по пожарот – уште…
14 часа по пожарот - уште повеќе…
Генералниот секретар на ОН е персона нон…
Шефот на израелската дипломатија во средата изјави…
Ветерниот парк кој го промовираше Мицкоски е…
Кој навистина стои во позадина на странска…
Зимско сметање на времето: Стрелките ќе ги…
Како и секогаш, последниот викенд во октомври-месец…