Две жени нападнати од сопрузите синоќа, еден од нив им се заканувал и на малолетните деца
Два случаи на семејно насилство се регистрирани вчера на подрачјето на СВР Тетово.
Триесетгодишна тетовка во 14:30 часот во СВР Тетово пријавила дека во семејниот дом физички е нападната од нејзиниот 34-годишен сопруг Е.Ц.. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Ноќеска, пак, околу 1 часот, полициски службенци на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец С.А., кој претходно бил пријавен од неговата 34-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал, а се заканувал на нивните деца и неговиот татко.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…