Објавено на:

Две компании и седум физички лица добија кривична за бесправна градба во Гостивар

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против седум физички лица и две правни лица од Гостивар поради сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои „бесправно градење“, „фалсификување исправа“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, пријавени се лицата А.С.(27), А.С.(27), А.С.(47), Б.А.(54), И.Б.(33), С.Е.(48) и В.Р.(42), како и две правни лица – друштво за производство, проектирање, трговија, градежништво и услуги од Гостивар и друштво за геодетски работи, проектирање, инженеринг и консалтинг од Гостивар.

Според соопштението, првопријавениот, второпријавениот и третопријавената – нивна мајка, како инвеститори во текот на 2021 и 2022 година вршеле градежни активности на нивна катастарска парцела во Гостивар спротивно на одобренијата за градба издадени од Општина Гостивар.

Четвртопријавениот Б.А., управител на фирма за геодетски работи, изготвил геодетски елаборат кој не се совпаѓал со основниот проект за градење и изготвил лажна исправа, која била употребена како вистинска од страна на правното лице за проектирање, инженеринг и консалтинг од Гостивар.

Петтопријавениот И.Б., управител на фирма за производство, проектирање, трговија и градежништво, изготвил Завршен извештај за извршен технички прием на објектот, во кој лажно било наведено дека градбата е изградена согласно одобрението за градење и основниот проект.

Како што се наведува во пријавата, шестопријавениот С.Е., иако знаел дека овластениот градежен инспектор В.Р. со записник констатирал дека се гради надградба надвор од одобрението и дека недостатоците не биле отстранети во дадениот рок, на 3 октомври 2022 година по електронски пат ја проследил документацијата до Агенцијата за катастар на недвижности. По тоа, објектот бил регистриран во катастарот и бил издаден имотен лист.

Седмопријавениот В.Р., иако претходно констатирал дека објектот не е изграден согласно одобрението и одредил рок за отстранување на недостатоците, не спровел контролен инспекциски надзор по донесеното решение, со што му овозможил на инвеститорот да го стави објектот во функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две компании и седум физички лица добија…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Надворешната…

ДЗС: Масовни евакуации во Кичево, во Гостивар…

Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување…

Лишени од слобода три лица од Гостивар,…

На 13.02.2026 во угостителски објект на ул.„Гоце…

Кривична пријава против поранешен директор на Водовод…

Кривична пријава против поранешен директор, поранешен вработен…

Лишени од слобода три лица во Гостивар,…

На 06.02.2026 околу 22:00 часот, на ул.…