Две лица планирале бомбашки напад во Сараево!
Полицијата во Сараево вчера уапсила две лица на возраст од 31 и 47 години, осомничени за подготовка на бомбашки напад, информира Министерството за внатрешни работи на БиХ, пренесува Телеграм.
-Наведените лица се сомничат дека во текот на месец декември, во претходно постигнат договор, свесно и со намера набавиле и размениле експлозивни материјали, чија набавка е нелегална за граѓаните, се со намера да состават експлозивна направа на далечинско активирање, што кога би се активирала би претставила огромна опасност нанесувајќи голем број на човечки жртви и материјачна штета од поголеми размери- велат од Министерството.
Според соопштението, во текот на претресите полицијата пронашла експлозив, далечински уред за активирање на експлозив, панцири, цевка од пиштол и други предмети.
Лицата биле уапсени, а по целосно документирање на случајот ќе бидат предадени на јавното обвинителство во Сараево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица планирале бомбашки напад во Сараево!
Полицијата во Сараево вчера уапсила две лица…
Пукање во центарот на Сараево: Едно лице…
Едно лице е повредено во престрелката што…
Eвакуиран aеродромот во Сараево поради дојава за…
Поради анонимна дојава дека на Меѓународниот аеродром…
Детали за пукањето во училиштето во Сараево:…
Пред зградата на Средното металуршко училиште во…
Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави…
Ученик од средно училиште во Сараево е…