Две лица украле пари од паркомати на ЈП „Градски паркинг“ во текот на ноќта
Две непознати лица со употреба на сила отворале паркомати во неколку локации низ главниот град и одзеле пари. Ова во Секторот за внатрешни работи Скопје било денеска пријавено од страна на ЈП „Градски паркинг“.
Како што информираат од полицијата, во периодот од 04:03 до 05:50 часот биле насилно отворени паркомати во катната гаража „Разловечко востание“, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на булеварот Кочо Рацин, како и во Градскиот трговски центар.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица украле пари од паркомати на…
Две непознати лица со употреба на сила…
„Политико“: Бугарија би можела да му се…
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел…
Пациенти со канцер купуваат хемо од странство,…
Пациенти кои се лечат од канцер на…
Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски…
Бидејќи премиерот Мицкоски дури и на митинзи…
Во август забележа годишен пад за 2,6%…
Бројот на работниците во индустријата во периодот…