„Две мечки не можат во исто дувло“: Русија може да влезе во НАТО, но само да за го yништи
Русија би можела хипотетички да влезе во НАТО, но со една цел, а тоа е да ја уништи таа организација, изјави поранешниот началник на Генералштабот на руските вооружени сили, армискиот генерал Јуриј Балуевски, по повод норвешките медиуми кои пишуваат дека Алијансата треба даде на Москва можност за влез во НАТО како би избегнале воен конфликт.
„Русија може да влезе во НАТО, но нашата цел ќе биде една – да ја уништиме оваа организација врз основа на познатиот постулат: „Ако сакате да ја уништите мафијата, водете ја“, рече Балујевски.
Тој потсети дека во 1950-тите СССР поднел барање за влез во НАТО, но дека ништо од тоа не се случило, како и дека „истите разговори се воделе и во 1990-тите, со ист исход“.
„Постои само една причина за тоа, а тоа е дека САД секогаш сакаат доминација и хегемонија. Тоа би било невозможно со влезот на Русија во НАТО. И тогаш ми паѓа на ум уште една руска поговорка – две мечки не можат да живеат во исто дувло“, истакна Балујевски.
Пензионираниот норвешки генерал-полковник Роберт Мод претходно за весникот „Афтенпостен“ изјави дека Западот треба да го промени својот став кон Русија, па дури и да и даде можност да се приклучи на НАТО за да избегне воен конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…