Две починати лица пронајдени во нивните домови во Скопје и Битола

t

Две починати лица се пронајдени вчера во нивните домови, во два одделни случаи во Скопје и Битола, соопшти МВР.

Ј.Ш. од Прилеп, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје, пријавила дека на ул. „Козле“ во Скопје го пронашла починат нејзиниот татко З.Ј.(62). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Во 14.52 часот во СВР Битола, вчера, било пријавено дека во домот во с.Добрушево, Прилепско, била пронајдена почината В.И.(79). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

И во двата случаја по наредба на јавни обвинители телата се предадени на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мотоциклист прегази 60-годишна жена во Дојран

Тешко е повредена 60-годишна жена откако во…

Иран: Повторно е погоден нуклеарниот објект Фордо

Подземниот нуклеарен објект на Иран, Фордо, повторно…

Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт…

Задолжувања, инфлација, хаос: За првпат имаме полош…

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски –…

Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…

Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…