Две промени кај Македонија: Аларов како четврти пивот, се врати Младеновиќ!
Македонската ракометна репрезентација со две промени во составот ќе ѝ спротивстави на Португалија, денеска од 18.30 часот, во возвратниот меч од квалификациите за ЕУРО 2024.
Михајло Младеновиќ е повратник во тимот, а шанса доби и Михаил Аларов. Младеновиќ би требало да помогне, пред се, во одбраната, иако Лазаров знае да му даде шанса и во нападот, како џокер од левата бековска позиција. Аларов, пак, го игра првиот репрезентативен натпревар за А-селекцијата од ваков, официјален карактер (дебитираше на пријателските со Чиле во 2021) и ќе има улога на четврти пивот, покрај Петров, Стојковиќ и Маркоски, пракса која ја видовме и на СП во јануари, во Краков.
Поради нив двајца, од 16-те отпаднаа Марко Мишевски и Цветан Кузманоски, што значи Петар Атанасијевиќ останува единствено класично лево крило, со очекувана помош од Иван Џонов, ако е потребно.
Кај Португалците има една промена и тоа кај голманите. На местото на Еспиња од Сесон, шанса добива Гашпар од Нант, а прв голман останува Капдевил од Бенфика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…