Движење во сметките било причина за одземање на пасошот на Жан Митрев?
Движење во сметките на кардиохирургот Жан Митрев била причината обвинителство да бара одземање на пасошот, поради опасност од бегство – дознава ТВ 24 од извори во истрагата.
ТВ 24 го контактираше адвокатот на Митрев Гоце Цоневски, но тој одби денеска да даде изјава. Не одговори ниту на прашањето дали е поднесена жалба на судскта одлука за одземање на пасошот на Митрев.
Најави одговори на прашања в понеделник.
Поради опасност од бегство на д-р Жан Митрев му беше одземен пасошот. Му се закануваат од една до 10 години затвор, ако Oбвинителството докаже дека ги измамил пациените во неговта клиниката, лечејќи ги од ковид 19, со системот на хемофилтрација.
Жан Митрев беше на распит во обвинителството, по што надлежниот јавен обвинител Гаврил Бубевски нареди истрага против него. Обвинителството на 18 јули годинава оформи предмет откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев.